За на

Преглед на проектот

Европа се карактеризира со бавен економски раст, а високата стапка на невработеност кај младите е особено забележлива во урбаните и руралните области во ЕУ. 18,8% од младите кои живеат во руралните средини во 28-те држави-членки се невработени особено помладите и жителите во руралните средини. Може да се каже дека постојат три најголеми предизвици со кои се соочуваат младите, а кои се рефлектираат на нивниот личен, економски и социјален развој и секој од нив предизвикува несакани ефекти кај личноста, допринесуваат кон зголемување на шансите за невработеност во подоцнежната фаза од животот, пониски плати, недостаток на вештини, социјални исклучувања и вовлекување во услови кои го намалуваат нивото на среќа.

Промовирањето на претприемништво за млади е најдобриот начин да се одговори на предизвиците споменати погоре. За жал, сепак, гледаме пониски нивоа на претприемништво за млади во руралните средини отколку во поголемите градови, што доведува до економска депривација и напуштање на овие области, високи нивоа на миграција и низок животен стандард. Една од главните причини за овие ниски нивоа на младинска иницијатива за претприемништво во руралните средини се ограничените можности на младите да пристапат до информации и да ги развијат своите деловни знаења и вештини, позатворениот тип на однесување на руралните млади и недостатокот на финансиски ресурси за стекнување на нови вештини.

Цел

Поттикнување на рурално претприемништво кај младите преку обезбедување на комплетен пакет од теоретски и практични знаења и вештини потребни за започнување бизнис во руралните средини.

Специфични цели

  • Бесплатен пристап до едукативни материјали (ООР) за рурално претприемништво и дигитално усовршување.

  • Лесен пристап до ажурирани и прилагодени образовни пакети развиени од обучувачи за стручно образование и обука или други обучувачи.

  • Зголемување на капацитетот за заработка во руралните средини, преку одржлив бизнис и вработување со повисоки приходи.

  • Оформување на претприемачки екосистем преку поддршката која се пружа од јавни и приватни засегнати страни.

  • Нудење позадоволителен, посигурен (економски, социјален, еколошки) и здрав живот во корелација со природата.

Засегнати страни

Обучувачите за стручно образование и обука ќе имаат корист од бесплатниот пристап до едукативни материјали кои ќе допрат до нови засегнати страни и ќе учествуваат во панелите за воспоставување на екосистем за рурално претприемништво (REEPs).

  • Локалните власти ќе имаат корист од привлекувањето на младите и од балансираниот и одржлив економски раст.
  • Партнерствата со приватните организации ќе овозможат поактивно учество во апликациите за финансирање преку национални или други програми за финансирање.
  • Младите и културните/локалните здруженија ќе имаат корист од зголемувањето на младинската популација и активност.
  • Професионалните здруженија и комори ќе имаат корист од локалниот економски раст и привлекувањето на нови/млади членови и нивните свежи идеи.

Креаторите на политики ќе имаат корист од активното младинско учество, повратните информации и на крајот развиените најдобри практики.

Руралното население, генерално, ќе има корист од економскиот раст, рамнотежата на старосната популација, културната и општествената обнова, одржливиот развој и подобрувањето на услугите достапни во нивните региони.

Родителот исто така ќе има корист со тоа што нема да биде одвоен од своите деца и семејството, бидејќи младие ќе останат, живеат и работат во руралните средини.

The European Commission’s support for the production of this website does not constitute an endorsement of the contents, which reflect the views only of the authors, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
Project Number: 2021-1-BG01-KA220-YOU-000029589